Connect with us

Фудбал

Мега дуел за Ериксен

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М) доби сериозна конкуренција во францускиот гигант ПСЖ кога е во прашање потписот на данскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Се погласни се шпекулациите дека офанзивниот играч за врска ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок доколку неговиот тим не обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Сепак, официјалната понуда за услугите на Данецот не смее да биде помала од 100 мил. евра.