Фудбал
Германските фанови го победија системот
Натпреварите од германската Бундес лига кои се играат во понеделник ќе бидат укинати од сезоната 2021/2022, потврди Фудбалската федерација на Германија.
Ваквата информација помеѓу фудбалските фанови беше доживеана како победа над системот.

Поголемиот дел од фановите на германските клубови во изминатите неколку месеци на секаков можен начин протестираа поротив натпреварите кои се играа во понеделник, но Фудбалската федерација на Германија својата одлука ја оправда како “помош за клубовите кои би добиле еден ден плус за одмор по одиграниот натпревар на европската сцена#.
- Нашата одлука никако не е насочена против клубовите, но не можеме и не сакаме да прифатиме натпревар кој се игра во понеделник. Да се организира натпревар кога никој нема време за да биде на стадионот може да се дефинира само како монструозна рамодушност кон социјалната компонента која фудбалската игра ја има за навивачите кои овој спорт го прават толку важен. За лига која се гордее со фактот дека се распродадени сите стадиони, натпреварот во понеделник е само пат кон пропаста, стои во официјалното соопштение на најверните фанови на Борусија од Дортмунд.
Поради големиот притисок на фановите, клубовите едногласно ми предложија на фудбалската федерација дека нема потреба да се иде против тие кои се составен дел од фудбалската игра.
Предлогот беше прифатен и ќе стапи на сила од сезоната 2021/2022, затоа што тогаш завршува договорот за телевизиските права во кои влегуваат и натпреварите кои се играат во понеделник.