Фудбал
“Специјалот” побара еден од петте дефанзивци
Најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, никако да види бел ден кога се во прашање дефанзивните проблеми. Медиумите на Островот открија дека пред неколку дена, менаџерот на “црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо, имал состанок со клупските челници и ги информирал дека има петмина фаворити за местото централен дефанзивец.

Уште во текот на летото Португалецот настојуваше за нов дефанзивец, но неговите желби не беа “слушнати” од шефовите на “Олд Трафорд”. Иако се одиграни само 12 натпревари во новата сезона од Премиер лигата, четата на Мурињо веќе има примено 21 погодок.
“Сан” тврди дека Мурињо посакал во зимскиот преоден рок да дојде барем еден од следните дефанзивци: Калиду Кулибали (Наполи), Тоби Алдерверелд (Тотенхем), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Милан Шкриниар (Интер) или Гери Кејхил (Челзи).