Фудбал
Канте има змија во џебот
Светскиот шампион Н’Голо Канте во јавноста е познат како фантастичен фудбалер. Без многу мака го покрива поголемиот дел од фудбалскиот терен и секој тим го прави уште подобар. Поради таквите карактеристики, францускиот интернационалец е дефиниран како еден од најдобрите играчи за врска на денешницата.

Фудбалерот на Челзи е познат и како скромно, позитивно момче, поради што е омилен и во француската соблекувална и во таа на лондонскиот премиерлигаш.
Сепак, неговите тимски колеги Давид Луиз и Вилијан, открија дека Канте не толку совршен, особено кога е гостин во нивниот заеднички ресторан.
- Нашите соиграчи често пати го посетуваат нашиот ресторан, но не сакаат да ја платат сметката. Посебно тоа се однесува на Канте. Кога ќе му кажеме дека треба да плати, Канте ќе се направи луд и ќе ни каже: “Ти и Давид имате добро срце, добрите сте вие”. Дури и кога пред останатите ќе му кажеме дека треба да плати, тој не сака, изјави Вилијан.