Connect with us

Фудбал

Интер на низок старт заради Модриќ

За време на летниот преоден рок, италијанскиот калчо гигант Интер, беше на само еден чекор од реализација на спектакуларниот трансфер на Лука Модриќ. Така барем пишуваа италијанските и мадридските медиуми кои буквално хрватскиот интернационалец го преселија на “Џузепе Меаца”, но Модриќ остана во редовите на Реал (М).

Слична ситуација би требало да имаме и за време на зимскиот преоден рок. Најтиражниот спортски весник на Апенините, “Газета дело спорт”, тврди дека Интер се нема откажано од намерата да ги осигура услугите на Модриќ.

Реал (М) веќе со месеци не личи на тимот кој ја освои Лигата на шампиони, а тоа е нормално затоа што остана без услугите на Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан. Не е тој Реал (М) кој освои четри трофеии во ЛШ. Единствената добра вест е таа што “кралскиот клуб” има минус од само четри бода во споредба со Барселона.

Како ден е јасно дека Реал (М) ќе направи сериозна реконструкција на првиот тим за време на летниот преоден рок. Првиот човек на шпанскиот гигант, Флорентино Перез, сака по секоја цена да ги обезбеди услугите на данскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Кристијан Ериксен, кој би требало да биде продаден за околу 50 мил. евра.

Доколку овој трансфер се реализира за време на зимскиот преоден рок, тогаш Интер веднаш ќе испрати понуда за Модриќ која ќе биде значитело помала од 50 мил. евра. Како што пишува “Газета”, Интер само чека мал сигнал од Мадрид и веднаш започнува со офанзива.