Фудбал
Петтемина фудбалери кои ќе го освојат светот
Познати се имињата на петте фудбалери кои останаа во игра за престижната награда “Golden Boy”, која се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот. Ова признание од 2003 година го доделува италијанскиот спортски весник “Тутоспорт”, а право на глас имаат 30 новинари од 20 европски држави, кои работата во светски познатите медиуми како Марка, Билд, Л’Екип…
Главниот услов за играчот е да биде роден по 1 јануари 1998 година и да игра во некој елитен европски клуб.
Во игра за престижната награда се: Тренд Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијас де Лигт (Ајакс), Винисиус Жуниот (Реал М.), Патрик Кутроне (Милан) и Џастин Клајверт (Рома).
АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД-европски клупски шампион и четврти во светот
Фантсатична година е позади 20-годишниот десен бек на Ливерпул. Тренд Александер-Арнолд беше дел од финалниот натпревар во Лигата на шампиони во кој Ливерпул загуби од Реал (М) со 3:1. После тоа разочарување, офанзивниот бек беше дел од репрезентацијата на Англија која го освои 4. место на последниот Мундијал во Русија.

ДЕ ЛИГТ-дефанизвецот по кој лудуваат сите европски гиганти
Иако има само 19 години, Маријас де Лигт е еден од најбараните дефанзивци во Европа, кој е пратен од сите фудбалски гиганти. Бисерот на Ајакс во 2017 година беше дел од финалниот натпревар во Лига Европа кој заврши со триумф на Манчестер Јунајтед од 2:0. За националниот тим на Холандија има одиграно 11 натпревари и сигурно ќе биде една од најголемите ѕвезди за време на летниот преоден рок.

ВИНИСИУС ЖУНИОТ-чудото од дете на Реал (М)
На почетокот од 2017 година, Реал (М) одвои 46 мил. евра за бразилското чудо од дете. Станува збор за Винисиус Жуниор кој после својот 18. роденден пристигна во Мадрид, каде оваа сезона има одиграно пет натпревари на кои постигна еден погодок и запиша три асистенции. Клупските челници на “кралскиот клуб# во него гледаат идна ѕвезда и лидер кој ќе продолжи таму каде што застанаа Модриќ, Рамос, Крос…

КУТРОНЕ-Инзаги и Виери во едно
Нов Филип Инзаги, нов Кристијан Виери – така италијанските медиуми го опишуваат Патрик Кутроне. Страшниот 20-годишен напаѓач на Милан веќе има статус на искусен напаѓач на “Сан Сиро#. Тоа е така затоа што Кутроне веќе има одиграно 60 натпревари на кои постигна 23 погодоци и запиша седум асистенции. Само во актуелната сезона има постигнато пет погодоци на 13. натпревари, а е најзаслужен за елиминацијата на Интер во 1/4 финалната рунда од Купот на Италија и за победата на Милан во дерби пресметката против Рома.

ЏАСТИН КЛАЈВЕРТ по стапките на славниот татко
Сигурно се сеќавате на одличниот напаѓач Патрик Клајверт? Неговиот син, Џастин Клајверт има само 19-години, но игра како офанзивно крило за италијанскиот калчолигаш Рома. “Волчицата” одвои 18.7 мил. евра за неговото обештетување. И покрај бавниот старт, Џастин сега добива се поголема минутажа која ја круниса со еден погодок и една асистенција. Сатнува збор за големата надеж на холандскиот фудбал која сака да чекори по стапките на неговиот славен татко.

Од 2003 година, наградата на “Тутоспорт” ја добиваа: Рафаел ван дер Варт, Вејн Руни, Лионел Меси, Сеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Андресон, Александре Пато, Марио Балотели, Марио Геце, Иско, Пол Погба, Рахим Стерлинг, Антони Марсијал, Ренато Санчез и Килијан Мбапе.