Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Голман даде гол со глава во 104-та минута за 3:3!

Интересен меч се одигра во јапонската лига меѓу Шимицу и Висел. Гостинскиот тим испушти предност од 3:1, а мечот го заврши со двајца играчи помалку.

Гостинскиот тим намали на 2:3 во 87-та минута. Поради бруталниот старт на Велингтон, судијата го исклучи бразилскиот интернационалец, меѓутоа настана и вистинска мешаница на теренот помеѓу играчите и тренерите.

Поради ова, судиското продолжение траеше цели 14 минути, а Шимицу избегнаа пораз буквално во последниот напад, откако голманот Џуди Рокутан стана вистински херој на својот тим.

Тој го постигна израмнувачкиот гол за 3:3.