Фудбал
Арнаутовиќ прва зимска аквизиција
Австрискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Марко Арнаутовиќ, најверојатно ќе биде првата зимска аквизиција на контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Крилниот напаѓач со месеци преговараше околу новиот договор, но откако му беше потврдено дека нема да ја добие посакуваната плата, било одлучено дека најдбро решение за двете страни ќе биде прекин на соработката за време на зимсииот преоден рок.
Големата желба на Мурињо може да стане реалност само доколку понудата за Арнаутовиќ не биде помала од 25 мил. фунти.