Connect with us

Фудбал

Дефинирана цената на Пулишиќ

На последниот состанок клупските челници на актуелниот лидер во германската Бундес лига, тимот на Борусија од Дортмунд, дошле до заклучок дека е дојден вистинскиот момент за да ја прекинат соработката со американскиот интернационалец, Кристијан Пулишиќ.

Иако станува збор за голем талент и стандарден првотимец, клупските челници дошле до заклучок дека играчот има желба да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Репрезентативецот на САД ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 70 мил. фунти.