Фудбал
Ќе мора се да му простиме на Дембеле
Осман Дембеле, кого Барселона пред 18 месеци го купи за 105 мил. евра и од него направи втор најскапо купен играч во клупската историја, подеднакво ги воодушевува и иритира најверните фанови на каталонскиот гигант .

Од Неимар ја наследи бројката на дресот, но никако да го наследи и неговото место во почетниот состав. Францускиот интернационалец има сериозен пробле надвор од фудбалскиот терен, а пред неколку недели беше испратен на лечење поради зависност од видеоигри.
Нема ништо чудно во тоа дека Дембеле пати од такви “детски болести”, затоа што се уште е дете и тоа во нова земја, како има поинаква култура и јазик.
Сепак, најверните фанови на актуелниот шампион на Шпанија, полека но сигурно го губат трпението кога е во прашање поранешниот фудбалер на Рен и на Борусија од Дортмунд.
Тие сакаат Дембеле секоја недела да го прави истото што го направи за време на првенствениот дуел против Вилјареал. Сите на “Ноу Камп” беа имресионирани од неговите мастории, благодарение на кои потсети дека е еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата.
Крилниот напаѓач веќе постигна седум погодоци во актуелната сезона и запиша четири асистенции, а тоа што му го направи на дефанзивецот на Вилјареал, Алфонсо Педроза, уште долго ќе се прераскажува.
- Мора да му дадеме време, затоа што повторно покажа дека поседува неверојатен квалитет. Нема дилема дека и понатаму ќе напредува и дека ќе биде фантастичен играч. Мора да имаме трпение со него. Понекогаш мора да се преправаме, да не ги гледаме глупостите кои ги прави, затоа што истите се дел од процесот на созревање. Осман заслужува да има таков кредит, затоа што ќе има светла иднина, изјави неговиот тимски колега, Иван Ракитиќ.