Connect with us

Фудбал

Рекордна понуда за Кулибали

Стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калид Кулибали, е најновата желба на контроверзниот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Англиските медиуми открија дека “црвените ѓаволи” веќе подготвиле официјална понуда за централниот дефанзивец која нема да биде помала од 100 мил. евра.

Сепак, сопственикот на “азурите”, Аурелио де Лаурентис, потврдил дека ќе седнел на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за неговиот фудбалер не биде помала од 120 мил. евра.