Connect with us

Фудбал

Лампард во Челзи или во Дерби?

„Скај Спортс“ дознава дека од Дерби започнале преговори со Френк Лампард за нов договор кој ќе го задржи на „Прајд Парк“.

Со тоа Дерби планира да се заштити од нападите од Челси кои го посакуваат својот легендарен фудбалер за тренерската позиција.

Лампард има уште две години од актуелниот договор, но сега Дерби му нуди нов долгорочен договор со многу поголема плата.