Фудбал
Манчестер јунајтед му нуди нов договор на Погба кој тешко се одбива
Информациите велат дека Пол Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед и да се пресели во Реал Мадрид, евентуално да се врати во Јувентус. За разлика од таму каде што е сега, овие два клуба играат во Лигата на шампионите и се конкурентни за сите трофеи.
Но, Манчестер јунајтед има друг план. Според „Дејли Мејл“, тие на Погба му нудат нов договор со неделна плата од 500.000 фунти. Колку за споредба, сегашниот негов договор е со плата од 290.000 фунти.
Тој има уште две години од сегашниот договор со Јунајтед, а клубот има опција да му го продолжи за уште 12 месеци.
mkd.mk