Фудбал
Фудбалерите наградени со 80.000 евра по победата над Словенија
Репрезентативците и стручниот штаб ќе добијат 80.000 евра како награда од страна на ФФМ за победата над Словенија. Одличен потег на раководството на Фудбалската Федерација, се разбира дека за оваа радост и фудбалска еуфорија се заслужни сите, сите момци долу на теренот ја заслужија оваа награда, пишува Вечер.
Инаку оваа сума им беше ветена пред натпреварот.