Фудбал
Поради повредата на глуждот Погба ќе мирува до декември
Погба уште најмалку еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени поради повредата на глуждот.
„Мислам дека нема да го видиме Пол до декември. Тој е надвор од тимот долго време. Му треба време да се опорави целосно. Можеби во декември ќе можеме да го видиме на теренот“, изјави Солскјер.