Connect with us

Фудбал

Фудбалерите до 19 години побараа поддршка од трибините

Утре со почеток во 13 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во населбата Ново Лисиче, нашата репрезентација во првото коло ќе се пресмета со врсниците од Босна и Херцеговина.

Македонската репрезентација до 19 години утре почнува новиот циклус квалификации, за пласман на младинското ЕУРО кое наредното лето ќе се игра во Северна Ирска. Се игра турнирски систем, по еден натпревар со секој противник, а домаќин на турнирот е токму нашиот главен град. По тој повод младите надежи побараа и поддршка од скопската публика со цел Македонија да се пласира во финалната фаза од квалификациите.