Connect with us

Фудбал

Роналдо постојано бил провоциран со Меси

Со години трае, но уште долго ќе трае дискусијата околу тоа кој е подобар фудбалер, дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси. На тие дебати се присети и легендарниот англиски фудбалер, Питер Крауч, кој го носеше и дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, но соблекувалната ја делеше и со многу фудбалери кои играа за Манчестер Јунајтед. Истите тие му откриле дека честопати го провоцирале Роналдо дека Меси е подобар фудбалер од него, но португалскиот интернационалец секогаш имал подготвен одговор.

-Неговите тимски колеги во Манчестер Јунајтед постојано го провоцираа и го предизвикуваа Роналдо со коментарот дека Лионел Меси е подобар играч од него. Сепак, Роналдо секогаш давал ист одговор. Секогаш им враќал со коментарот дека Меси не бил толку убав како него и немал таква градба. Јас сум импресиониран од неговиот менталитет и од неговата одлучност, но ако збориме за талентираните фудбалери, тогаш ниту еден играч не може да се спореди со Меси, изјави поранешниот репрезентативец на Англија во емисијата Pint with Piers, која ја води познатиот англиски новинар Пиерс Морган.