Connect with us

Фудбал

Адеми: Никогаш не зажалив што ја одбрав Македонија

Аријан Адеми е фудбалерот кој стана синоним за борба на теренот за фудбалскиот национален дрес. Знаеше да настапи и повреден, да ги стисне забите, само да биде исполнета целта. Секако, заедно со останатите од оваа генерација е заслужен што Македонија играше на ЕП и беше на чекор од СП, но Португалија во баражот беше посилна.

Адеми во Динамо игра веќе 12 години. Полека, станува легенда на тимот, капитен е, а каков борец е покажува и податокот дека беше двегодини суспендиран поради допинг, за кој не беше виновен, а се врати уште посилен.

Како што се сеќавате првиот меч по суспензијата Адеми заигра за македонската репрезнтација и постигна гол. Хрватите и денеска не можат да прежалат зошто не ги одбрал нив. Адеми преку хрватските меиуми, има порака.

-Како дете често одев во Македонија и кога дојде повик немав проблем да го прифатам и да играм за македонската репрезентација. И никогаш не зажалив што го одбрав тој пат, зашто на крајот се покажа како супер, дека за мене тоа беше правиот пат. Знам дека често се бара виновник за тоа што не заиграв за Хрватска, но…“, вели Адеми, кој неделава е главна вест во хрватскиот фубал откако го реши дербито за титула со Риека.

 

Facebook