Connect with us

Фудбал

Адеми: Штета, бевме блиску, но горди сме на постигнатото

Македонскиот играч за врска Аријан Адеми, за хрватските медиуми, поточно „Спортске новости“ по враќањето во Загреб зборуваше за бараж мечевите со Италија и Португалија. Како што вели тој, останува впечатокот дека Македонија загубила од голем противник, кој сепак не не надиграл селосно. Додава дека можеби и можеле повеќе да пружат, но сепак фактот дека успех е постигнат е неспорен.

– Штета, дојдовме блиску, имавме одлична можност да одиме на Светското првенство во Катар, бевме само на чекор. Сепак, не успеавме, иако остана впечатокот дека Португалеците не не надигра. Направивме некои грешки, тие знаеја да ги казнат. Заслужено победија, нема сомнеж, Португалија е силна репрезентација, но останува впечатокот дека добро се држевме до таа цел и дека можеби можевме повеќе. Жал ни е секако – рече Адеми, но потоа призна:

– Репрезентациите како нас често немаат таква можност да се пласираат на Светското првенство, па ни е жал што така заврши. Но, сепак сме горди на се што направивме, на таа победа против Италија, на еуфоријата што ја предизвикавме меѓу нашите навивачи. И не бодреа цело време и сега после поразот. Така што вкупните впечатоци се уште се позитивни, нема што да се жалиме. Сонувавме за нова голема победа и настап на Мундијалот, но загубивме од една голема репрезентација, вели Адеми.