Connect with us

Кошарка

Адреналин кој се граничи со лудило од авион: Погледнете како беше донесен трофејот во НБА (ВИДЕО)

Денвер Нагетс на крилата на трипл-даблот на Никола Јокиќ поведоа со 1:0 во серијата од големото финале на НБА лигата против Мајами Хит (104:93).

Пред натпреварот помеѓу двата тима, НБА објави кратко видео за патувањето на последната награда, трофејот Лери О’Брајан до арената во Денвер од страна на падобран и репортер на ESPN.

Трофејот пристигна во Денвер со авион, но зошто сигурно би слетал на аеродром кога може да го спушти на земја падобранец кој трофејот висок 60 сантиметри и седум килограми го врзал за себе. По слетувањето, падобранот и го предал на новинарката Малика Ендрјус, која го ставила на совозачкото седиште во автомобилот и уредно го врзала.

Конечно, откако го донела во салата, трофејот го дочекал специјално дизајнирана заштитна футрола која го штити од оштетување бидејќи според нивната логика во сала е поопасно отколку да скокне од авион. Трофејот Лери О’Брајан ќе го освои првиот тим што ќе стигне до четири победи, а Денвер има шанса да го удвои водството ноќта недела кон понеделник, пред серијата да оди на Флорида.