Connect with us

Фудбал

Агентот на еден од најдобрите дефанзивци: Тој сака да игра во тимот на Меси

Тијаго Силва веројатно ја игра последната сезона во дресот на ПСЖ. На искусниот дефанзивец (36) во јуни му истекува договорот со францускиот тим. Се појавија информации дека кариерата ќе ја продолжи во Милан, поточно ќе се врати во клубот од каде што дојде во ПСЖ .

Сепак, со последната изјава на неговиот агент, Пол Тонието, како да го нуди на Барселона. Каталонскиот тим е во потрага по дефанзивец, а Тијаго Силва наводно сакал да игра во ист тим со Меси.

-Тијаго сака да остане во Париз, не зависи од него. Ако не го обнови договорот може да се случи се. Има сентименталности кон Милан, но не сме во никакви преговори. Други клубови се во игра исто така, но нема преговори, вели Тонието.