Фудбал
Агуеро: Барселона е чекор напред, најдобриот клуб во светот (ВИДЕО)
Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро се договори на двегодишен договор со Барселона.
Искусниот фудбалер дојде на „Камп Ноу“ од Манчестер Сити, тој е најдобриот стрелец на „граѓаните“ во историјата.
„Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб во светот. Мислам дека донесов одлична одлука. Се разбира, ова е чекор напред за мене. Јас сум многу среќен. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ја освои титулата“, рече Агуеро и додаде:
„Како прво, сакам да играм и да им помагам на моите соиграчи. Ако тимот работи добро, јас ќе бидам среќен. Ги поздравувам сите наши навивачи и ветувам дека ќе дадам се од себе за да го исполнам ветувањето. Се надевам дека навивачите ќе можат да уживаат во мојата игра.„
Агуеро доаѓа во Барселона како слободен агент, а договорот содржи и клаузула за обештетување од 100 милиони евра доколку некој клуб сака да го купи пред крајот на соработката со Каталонците.
❝Intentaré donar el millor de mi❞
?❤ #KunCuler pic.twitter.com/byS4VtAskw
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) May 31, 2021