Connect with us

Фудбал

Агуеро има срцева мана, лекарите тврдат ќе биде добро, тој со емотивна порака

Долго време Кун Агуеро не играше откако  дојде во Барселона. Сето тоа поради повреда. Но, не помина долго, откако се опорави, мора повторно да паузира. Се чини дека сега проблемот е посериозен. Имено, тој на мечот со Алавес имаше проблеми со дишењето, беше заменет од игра, префрлен во болница, а му беше откриено дека има проблеми со срцето.

Поради тоа, тој ќе отсуствува најмалку 3-4 месеци, што секако е долг период, а прашање е дали ќе може во иднина да игра врвен фудбал во најдобра форма.

Тој деновиве се огласи прв пат од болничкиот кревет:

„Јас сум добар и со позитивен дух го чекам опоравувањето. Сакам на сите да им се заблагодарам за пораките на поддршка, кои го направија моето срце посилно“– порача Аргентинецот.