Connect with us

Фудбал

Агуеро: Меси е само човек, ја има нашата поддршка

Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро изјави дека целиот тим го поддржува Лионел Меси кој пропушти пенал при 1-1 против Исланд вчера на Светското првенство. 
 
Агуеро го отвори резултатот во корист на „гаучосите“, но Алфред Финбогасон изедначи, а во второто полувреме Меси пропушти од белата точка, во првиот меч од групата „Д“.

„Меси покажа дека е само човек. Сите ние го поддржуваме. Тој немаше свој ден, но знаеме дека може да донесе победа на Аргентина во секој момент“, рече Агуеро.