Фудбал
Агуеро му се јавил на Жорди Алба по мечот со Атлетико Мадрид, а нивниот разговор стана хит (ВИДЕО)
Вчера гледавме одличен натпревар помеѓу Барселона и Атлетико, а на крајот домашната екипа по пресвртот успеа да победи со 4:2 и да освои многу важни три бода.
Атлетико поведе со голот на Караско во осмата минута, но само две минути подоцна Жорди Алба израмни на 1-1 кога постигна спектакуларен гол. Потоа Гави, Араухо и Дани Алвеш погодија за Барселона, додека конечните 4:2 ги постави Луис Суарез.
По натпреварот во центарот на вниманието беше Серхио Агуеро кој настапуваше и за двата клуба. Аргентинецот поради проблеми со срцето ја заврши кариерата на крајот од минатата година, а последниот настап во кариерата го имаше во дресот на Барселона.
По мечот Агуеро на мобилниот телефон му се јави на Жорди Алба за да му ја честита победата, а на социјалните мрежи се појави и видео од нивниот разговор.
“Здраво човеку. Ти се јавив да ти честитам за тој одличен гол. Играта беше одлична, сите игравте фантастично. Ние (Барса) одигравме фантастично! Еве не, човече, дојдовме на четврто место и позиција која води до Лигата на шампионите. Одиме силно! Аргентинците многу те сакаат“, рече Агуеро, а потоа одговори Алба.
“Ти благодарам пријателе! Камп Ноу беше полн, атмосферата беше одлична. Игравме многу добро. Знам дека луѓето во Аргентина не’ сакаат и поддржуваат, ги сакаме и ние. Се надевам дека наскоро ќе ме поканите на скара (се смее Слушаме сè!“