Connect with us

Фудбал

Агуеро на заминување делеше скапи часовници и автомобили

По десет години поминати на „Етихад“, Кун Агуеро стави крај на авантурата во Премиерлигата и синоќа беше промовиран како ново засилување на Барселона.

Имено, Агуеро на сите 60-тина вработени во англискиот клуб им подарил скапоцени часовници, а згора на тоа сите тие учествуваа во лотатијата во која најсреќниот стана сопственик на неговиот нов автомобил.

Медиумите од „островото“ сега пренесуваат дека Аргентинецот бил прилично дарежлив кон персоналот на Манчестер Сити. Сите добиле часовници од марката Таг Хојер или Убло кои вредат најмалку 1.000 фунти и имало посвета, било изгравирано „Благодарам! Кун Агуеро“.

Серхио Агуеро ќе остане запаметен како легенда во Манчестер сити, иако кариерата ќе ја продолжи во Барселона со која потпиша двегодишен договор.