Connect with us

Фудбал

Агуеро пред неколку дена ја заврши кариерата, а Манчестер Сити му испрати понуда

По деталните прегледи лекарите откриле дека Серхио Агуеро има проблеми со срцето, и дека најдобро му е да ја заврши играчката кариера.

По неколку недели размислување Агуеро одлучи, а пред неколку дена и официјално објави дека става крај на својата играчка кариера и дека здравјето сега му е на прво место.

Агуеро моментално е во Буенос Аирес каде одмара во друштво на семејството и секако размислува што ќе прави во иднина.

Аргентинските медиуми пред неколку дена објавија дека Агуеро дури добил понуда од аргентинската репрезентација да биде дел од стручниот штаб и да отпатува со тимот на Светското првенство во Катар следната година.

Имаше информации и дека Манчестер Сити стапил во контакт со својот поранешен напаѓач и дека му била понудена улогата на амбасадор на клубот од „Етихад“, нешто што најверојатно Агуеро би го прифатил.

Агуеро мина дури десет сезони во Сити и стана најдобар стрелец во историјата на овој клуб.