Connect with us

Фудбал

Ајакс сака да го врати Луис Суарез

Амстердам, 17 август 2020 (МИА) – Ајакс е подготвен да го врати напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, тврди уругвајската телевизија „Теледоке“. 33-годишниот стрелец е на списокот на играчи со кои Каталонците би биле подготвени да се разделат.

Неговиот договор истекува следната година, но ако тој игра во 60% од натпреварите на тимот следната сезона, тој автоматски ќе биде продолжен.

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, има искуство со враќање на играчите во клубот, како што направи и со Клаас-Јан Хунтелар и Дејли Блинд.

Суарез го предводеше нападот на холандскиот гигант во периодот 2007-2011 година, а со 111 погодоци и 68 асистенции на 159 натпревари за екипата, обезбеди трансфер во Ливерпул, од каде се пресели во неговиот сегашен тим.

Оваа сезона тој има постигнато 21 погодок и 12 асистенции на 36 натпревари во сите натпреварувања.

Уругваецот го следат и екипи од МЛС и Катар.