Connect with us

Фудбал

Ајнтрахт го казни Костиќ за штрајкот: 50.000 евра и скара за цел тим!

Костиќ ги бојкотираше тренинзите, но во Франкфурт останаа доследни дека не се задоволни со понудата од 18 милиони евра (15+3 милиони преку бонуси) и трансферот пропадна. Трансферот не се реализира, но барем односите со германскиот клуб не се влошија.

„Нема да го отстраниме од тимот. Ставаме крај на оваа приказна и Костиќ е целосен дел од Ајнтрахт”, изјави тренерот Оливер Глазнер.

Сепак, Костиќ нема да остане неказнет. Треба да плати 50.000 евра и да организира скара за членовите на тимот.