Фудбал
Академија Пандев ќе треба да бара нов тренер, Васоски на чекор до клупата на познатиот клуб од БиХ?!
Александар Васоски, кој е актуелен тренер на фудбалскиот клуб Академија Пандев наскоро би мижел да седне на клупата на босанскиот познат клуб Сараево. Како што пишуваат тамошните медиуми тој е најголемиот фаворит.
Васоски пристигнла во Сараево во средата, а истиот ден по појадокот со познаници од Босна и Херцеговина имал средба со челниците на клубот.
Кусо за тамошните медиуми, Васоски изјавил:
-Сè ќе се знае во наредните ден-два, имајте разбирање.
За потсетување во Сараево настапува нашиот Крсте Велкоски.