Connect with us

Фудбал

Ако го сака Столе Димитриевски, Барселона ќе треба да плати 6 000 000 евра

Популарната емисија „Ел Чирингито“ вчера објави ексклузивна вест во која се тврди дека Барселона во јануари ќе се обиде да го ангажира македонскиот голман Столе Димитриевски од редовите на Рајо Валјекано. Наводно Нето ќе замине, па Столе ќе биде негов замена, а прв избор на Чави останува Тер Штеген.

Димитиревски има договор со Рајо Ваљекано до јуни 2024 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 6.000.000 евра. Значи доколку Барселона ја активира клаузулата, тогаш голманот може да го напушти клубот.