Connect with us

Тајмаут

Ако може да се стане за Украина, може и за Палестина, преку Мундијалот во Катар, да се слушне гласот, израелски новинари не се пожелни (ВИДЕО)

Бројни навивачи од светот кои се дојдени во Катар да го следат Мундијалот, се приклучија на локалните фанови, но и од останатите арапски земји, пред се од Саудиска Арабија, во мисијата светот да слушне за Палестина. Иако оваа земја не е дел од Мундијалот, сепак нејзиното знаме многу често може да се забележи на стадионите, но и пред нив. Фанови од сите страни на светот даваат поддрка на Палестина, која со години трпи инвазија и окупираност, терот од Израел.

Израелските новинари имаат проблем во Катар. Кога ќе кажат од каде доаѓаат никој не сака да им даде изјава, дури им порачуваат дека не се пожелни тука.

Уште од 1967-ма година Палестина губи дел од својата територија при нападите на Израел. Илјадници луѓе, мажи, жени, деца се убивани во текот на годините.