Connect with us

Други спортови

Ако не го напрам тоа животот ми е во опасност! Срамна одлука: Зверев има неизлечива болест, а му забранија да си става инјекции за време на меч (ВИДЕО)

Германскиот тенисер Александар Зверев е шокиран и фрустриран бидејќи организаторите на Ролан Гарос не му дозволуваат да зема инсулин на теренот. Познатиот тенисер минатата година откри дека му бил дијагностициран дијабетес тип 1 кога имал само три години. За да го одржи нивото на шеќер во крвта, тој мора редовно да зема инсулин.

На мечот со Димитров, Германецот реши да си даде инекција на паузата меѓу гемовите. Но, официјалните лица го предупредија со изјава дека тоа не смее да го прави на теренот. Го замолиле да го напушти теренот за да прими инјекција. Оваа срамна одлука го згрози германскиот тенисер.

“Тие рекоа дека морам да го напуштам теренот. За време на мојот последен натпревар ми рекоа дека ќе се смета за пауза за тоалет. Имам само две паузи за тоалет, а во најдобриот натпревар од пет сета понекогаш морам да вбризгам четири или пет инсулини. Тоа би значело дека нешто што е неопходно за моето здравје, за мојот живот, не е дозволено“, изјави Зверев по мечот со Димитров.