Фудбал
Ако некој го купи Кулибали, тоа ќе биде најголемиот трансфер на еден одбранбен играч досега
Калиду Кулибали веќе некое време е столб на одбраната на Наполи, а Сенегалец според многу луѓе е меѓу најдобрите одбранбен играчи во Европа, во изминатата сезона.
Поради тоа не не изненадува што многу европски гиганти “фрлија око” на Кулибали. Долго време се шпекулираше дека Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него.
Како што соопшти Раи Спорт, на вчерашната средба на тренерот Сари и првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис, беше споменато и за иднината на Кулибали, а токму во тоа време беше утврдена и неговата цена.
Сепак, во Наполи не се премногу заинтересирани за неговата продажба, но за секој случај поставиа цена за нивниот дефанзивец. Кој сака да го купи Кулибали ќе мора да плати 120 милиони евра.
Рекордот за најскап одбранбен играч го држи Вирџил ван Дајк, за кој Ливерпул во јануари на Саутемптон му исплати 86 милиони евра.