Connect with us

Тајмаут

Ако продолжи вака да се облекува во Саудиска Арабија, партнерката на Роналдо може да има голем проблем (ФОТО)

Георгина Родригез може да  биде во неволја доколку го продолжи стилот на облекување во земјата каде што е сега.

Невенчаната сопруга на Кристијано Роналдо сака да се облекува привлечно што е соодветно за повеќето земји, но не и за Саудиска Арабија.

Во 2019 година во Ријад беше усвоен „законот за пристојност“. Меѓу другото, се препорачува „ширба облека која покрива се од лактот до глуждот“.

А што крши Георгина? Таа неодамна беше на вечера со Кристијано Роналдо каде облече тесен фустан кој дефинитивно не одговара на сите овие правила, пишува шпанска „Марка“.
Што се однесува до казните, веруваме дека нема да бидат проблем да ја платат. Имено, првата казна за ваков прекршок е 25 евра, а следната 50 евра.