Фудбал
Ако сака да остане на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе мора на курс за тренери
Еден од најдобрите тренери на сите времиња Карло Анчелоти ќе мора на тренерски курс доколку сака да продолжи со работа. Имено, неговата тренерска лиценца е истечена, која не е автоматски продолжена.
Според весникот Кориере дело Спорт тренерската лиценца на Анчелоти истекла на 31 декември 2021 година и доколку сака да остане на клупата на Реал Мадрид и да го води тимот во осминафиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, ќе мора повторно да полага тестови.