Connect with us

Фудбал

Ал Ахли се откажа поради – пари! Запрен договорот со македонскиот репрезентативец

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски нема да се пресели ниту во Ал Ахли

Како што информира новинарот Педро Алмеида на социјалните мрежи договорот е стопиран помеѓу македонскиот репрезентативец и Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Изворот вели дека има несогласувања околу предложената плата, Езџан Алиоски сега сака годишна заработка од 2,5 милиони евра доколку сака клубот да го обезбеди неговиот потпис.

Македонскиот репрезентативец претходно остана и без трансфер во Галатасарај, а тренерот на турскиот тим кажа дека се откажале од Алиоски поради тоа што барал премногу пари.