Connect with us

Фудбал

Ал Хилал го суспендираше повредениот Нејмар на неодредено време

Како што пренесуваат арапските медиуми, Ал Хилал го суспендираше Нејмар со цел Бразилецот повеќе да не зазема место како странец во тимот.

Прописите дозволуваат клубовите да имаат најмногу осум играчи надвор од Саудиска Арабија, а Ал-Хилал веќе го достигна тој праг. Со оглед на тоа што Нејмар ќе биде надвор од терените цела сезона поради тешка повреда, саудискиот гигант на неодредено време ја суспендираше регистрацијата на Нејмар додека не се опорави, пренесува Arriyadiyah.com.

Ал Хилал планира да доведе нов странец на позицијата лев бек, а потоа кога Нејмар ќе може повторно да игра, ќе продадат еден играч за да му направат место во тимот. Со суспензијата на договорот, Ал-Хилал ќе мора да најде друг начин да ја исплати огромната плата на Нејмар од 150 милиони евра годишно, плус 50 евра комерцијални бонуси. За потсетување, Ал-Хилал летово за Нејмар на ПСЖ му плати 100 милиони евра, а неговиот договор со саудискиот клуб е до 30 јуни 2025 година.