Фудбал
Алаба им го откри името на новиот клуб на своите соиграчи, Кимих вели: „Тие воопшто не се лоши …“
Не е невообичаено Баерн да си дозволи бесплатно заминување на играчи од светска класа. Токму тоа ќе го стори Давид Алаба на крајот од сезоната.
Во последниве месеци, многу клубови се бореа за потписот на Алаба, и се чини дека е познат победникот. Германски „Скај“ е убедено во тоа.
Доцна синоќа, некако во сенка на информациите за поделбата во Суперлигата, беа објавени деталите за договорот на Алаба со Реал Мадрид. Тој ќе потпише договор со „Кралевите“ за следните пет сезони.
Денес пристигнува веста дека искусниот „универзалец“ веќе им кажал на своите соиграчи каде ќе игра. Џошуа Кимих, еден од симболите на тимот од Минхен, зборуваше за неговата одлука.
„Тој освои сè тука. Без сомнение можам да кажам дека Реал Мадрид е голем клуб“, изјави одличниот германски репрезентативец.
„Постојат неколку чекори што можат да се направат по Баерн, но Реал Мадрид не е воопшто лош“, заклучи Кимих, кој е соиграч со Алаба од 2015 година.
Веќе е познато дека Баерн ги прекина сите преговори со австрискиот фудбалер кога преку менаџерот побарал неделна плата од 450 илјади евра или околу 22 милиони годишно.
Пред неколку дена, мадридскиот АС објави вест дека Алаба веќе го ангажирал својот агент да ја бара својата куќа во Мадрид и дека тој решил да живее во истата населба со Крос.
Тоа е населба Ла Финка која е една од најелитните во Мадрид, а Алаба треба да биде оддалечена само неколку куќи од Крос. Јасно е дека тие имаат одлична врска и дека Крос е подготвен да му помогне на Алаба за да може што побрзо да се прилагоди во новиот клуб и град.
Алаба ја напушти Виена како дете затоа што пристигна во Баерн во 2007 година кога имаше само 14 години. Но, по 14 години тој одлучи дека е време за промена и се чини дека во моментов нема поголем предизвик за него од заминувањето во Реал Мадрид.