Фудбал
Алармантна порака од шпански експерт за „Ноу Камп“
„Ноу Камп“ е еден од најголемите стадиони во Европа и е место за бројни натпревари во текот на секоја сезона, на кој во просек се собираат над 70.000 луѓе.
Кога пандемијата на коронавирус ќе заврши и фудбалот ќе се „рестартира“, навивачите нема да можат да чекаат да се вратат на трибините, меѓутоа сеуште е под знак прашалник дали ќе има публика на „Ноу Камп“.
Експертот за инфективни болести Ориол Мија испрати прилично алармантна порака бидејќи го гледа култниот стадион во Барселона како „биолошка“ бомба за нов бран инфекции.
„Не отворај го Ноу Камп пред есента“, рече Мија, објаснувајќи дека „Ноу Камп“, со капацитет од 100.000 места, би можел да биде новото „буре барут“ за заразата.
Со оглед на сегашната состојба и зголемениот број заразени и починати во Шпанија, тешко е да се направи каква било прогноза кога Барселона ќе ги отвори своите врати за гледачите.