Поврзи се со нас

Фудбал

Алчноста на Алаба и агентот: Бројката што ја одби Австриецот од Баерн е нереална

Давид Алаба од следната сезона нема да го носи дресот на Баерн.

Раководството на баварскиот клуб одлучи да ги прекине сите преговори со австрискиот фудбалер откако тој и неговиот агент Пини Захави не се согласија со понудата на клубот.

А понудата што клубот ја стави пред него беше навистина импресивна. Плата од 17 милиони евра, плус бонуси. Експертот Алфред Дракслер ги откри деталите за договорот за ТВ-емисијата Допелпас.

„Колку што знам, Алаба можеше да заработи 19 милиони евра со бонуси. И кога играте во Баерн, бонусите се исти како загарантирани пари. Но, така е. Пини Захави прокоцка до крајот, тој побара уште повеќе пари и поради тоа, се пропадна“, рече Дракслер.

Бројката што Захави ја бараше за Алаба е навистина огромна. Тој сакаше плата од дури 25 милиони евра, што би го направило најплатениот играч на Баерн, но алчноста кај Баерн не работи.

Клубот му се заблагодари на играчот за сè што направи за нив и рече дека повеќе нема преговори, па Алаба ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната.

loading...

Facebook