Connect with us

Фудбал

Алегри отворено критикуваше поединечни играчи

Во второто коло од италијанската Серија А, Јувентус ремизираше со Сампдорија во натпревар без голови.

Старата дама во првото коло го победи Сасуоло со 3:0 и се веруваше дека и синоќа лесно ќе победат во Џенова. Но, Јуве мораше да се задоволи само со еден бод.

Во слаба игра немаше премногу шанси, еден гол беше поништен со ВАР на Адриен Рабиот, но треба да се напомене дека гостите од Торино беа ослабени бидејќи недостигаа важни играчи како Федерико Киеза, Пол Погба и Анџело Ди Марија.

Масимилијано Алегри не беше задоволен од расположението на своите играчи и тоа го истакна во интервјуата по натпреварот.

“Младите играчи грешат. Не смееме да заборавиме дека Николо Фаџоли, Фабио Морети и Николо Ровела се млади играчи и тоа значи дека грешат. Не ви се допаѓа да го слушате тоа, но тоа е вистина. Мирети трчаше да ја пресретне топката наместо да остане на негово место. Ди Марија е играч на друго ниво и таквото однесување ве излудува. Ова не е фудбал“, изјави разочаран Алегри.

И покрај ремито, Масимилијано Алегри забележа неколку позитивни аспекти кои ги наведе во изјавите по натпреварот.

„Позитивна работа е што не примивме гол на два меча. Ни недостасуваше трпение во првото полувреме. Дефинитивно ја започнавме сезоната подобро од лани. Малку сме зад другите, но мораме да одиме чекор по чекор. Некои од младите играчи кои влегуваат се добри“, додаде тој.

Во сабота Јувентус ќе игра дерби против Рома во Торино. Римскиот клуб има максимални шест бода на почетокот на сезоната, откако победи со 1:0 против Салернитан и Кремонезе.

Рома на тој натпревар ќе биде ослабена, бидејќи на тренинг најпрвин се повреди Вајналдум, а потоа и средниот бек Заниоло во првиот дел од вчерашниот натпревар.

Рана фаза од сезоната е, екипите имаа промени и сигурно ќе треба време за двете да стигнат до оптимална форма. Целта на Рома е самиот врв на табелата, пред се пласман во Лигата на шампионите, додека Јуве природно најмногу мисли на Скудетото.

Покрај Јувентус, фаворити важат и Милан, Интер и Наполи, кои покажаа најмногу на стартот од сезоната 2022/23.