Connect with us

Фудбал

Алегри се враќа?

Масимилијано Алегри речиси една година е без ангажман.

Тој го напушти Јувентус минатото лето и реши да се одмори, а во текот на зимата се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и со некои други големи екипи.

Алегри сè уште е слободен, ​​иако сè е „замрзнато“ поради пандемијата на коронавирус, но се смета дека ова лето ќе бара нова работа.

Според некои медиуми во Франција, Алегри ќе добие понуда да го води ПСЖ.

Сегашниот тренер Томас Тухел не може да ги контролира sвездите во соблекувалната, па дури и на „Паркот на принцовите“ чувствуваат дека им треба поголемо тренерско име за да ја нападнат титулата во Лигата на шампионите.

Алегри е исклучителен стручњак, тој се докажа во Милан и Јувентус, но останува да видиме дали ќе биде подготвен да го преземе францускиот шампион.