Фудбал
Алегри: Влегувањето во ЛШ сега би било како освојување на три титули
На тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри му претстои важен натпревар во Серија А. Следен ривал на Јуве е Рома на стадионот „Олимпико“, а Жозе Мурињо нема да го пропушти тој меч иако доби црвен картон во последното коло.
И Рома и Јувентус се тимови кои сакаат да завршат на една од првите четири позиции во Серија А. Рома е петта со 44 бодови и три бода зад Милан и Интер. Јувентус има само 35 бода поради казна за финансиска измама. Затоа Јуве е само седми со не многу веројатни можности да дојде до врвот.
Алегри вели дека Рома е еден од најдобрите тимови и дека игра одлична одбрана бидејќи на домашен терен примила само пет гола на 11 натпревари.
„Натпреварот е важен за нас бидејќи играме против директниот ривал, Рома. Мора да се фокусираме на зголемување на разликата во однос на тимовите зад нас или барем во однос на Болоња, што нема да биде лесно во Рим. Што се однесува до тимовите кои се пред нас во моментов, треба да одиме чекор по чекор и да видиме што ќе се случува во лигата. Важно е да одиграме добар натпревар во Рома“, изјави Масимилијано Алегри.
„Квалификувањето во Лигата на шампионите со казна од 15 бода би било како освоени три титули. Не само еден, туку три“, додаде Алегри.
Тој го коментираше и Жозе Мурињо на новинарско прашање дека тие двајца се слични.
„Фактот што некои луѓе го ставаат моето име покрај името на Мурињо ме прави среќен. Мурињо ако не се лажам има освоено 26 титули, што не е мала работа. Тој одлично ја врши работата со Рома бидејќи по неколку години тој клуб е во борба за Лигата на шампионите“.