Поврзи се со нас

Фудбал

Алекс Сонг од Арсенал преку Барселона, па во тим за кој никогаш не сте чуле

Поранешниот играч за врска на Арсенал и Барселона, Алекс Сонг (33), најде нов клуб.

Фудбалерот кој некогаш беше стандарден член на „топџиите“, а потоа беше дел од одличниот тим на Барселона, сега стана член на тимот „Арта Солар 7“ од Африканската Република Џибути.

Сонг вчера потпиша договор со овој тим. Тој беше претставен во клубот и го доби дресот со број 17.

Искусниот 33-годишен играч сигурно ќе биде големо засилување за овој тим бидејќи тој навистина има огромно меѓународно искуство зад себе и има играно за големи тимови во Европа.

Покрај Арсенал и Барселона, Сонг има играно и за Бастија, Вест Хем, Рубин Казан, Сион.

loading...

Facebook