Connect with us

Фудбал

Алексис Санчез: Атмосферата во соблекувалната беше „нездрава“ за време на Мурињо

Жозе Мурињо во декември доби отказ од Манчестер Јунајтед.

На неговото место дојде Оле Гунар Солскјер кој потполно ја прероди екипата и запиша десет победи во единаесет натпревари, а првиот пораз Норвежанецот го запиша минатата недела во натпреварот од осмина финалето од Лигата на шампионите кога ПСЖ славеше на „Олд Трафорд“ со 2:0.

Алексис Санчез долго време беше повреден, па од доаѓањето на Солскјер не игра многу, но сепак смета дека ситуацијата е многу подобра отколку во времето кога Мурињо го водеше Манчестер Јунајтед.

Тој изјави дека поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо создаваше „нездрава“ атмосфера на „Олд Трафорд“.

„Мурињо е еден од најдобрите тренери на светот со начинот на кој ги води тимовите, како ги анализира видео материјалите, по начинот на кој им пристапува на работите“, рече Санчез.

„Сепак, како играч, час ќе бидете во тимот, а час надвор од теренот. Некое време не играв, па потоа играв и како играч ја губите самодовербата. Покрај тоа, атмосферата во клубот беше „нездрава“ кога тој беше на клупата“, додаде Сначез.