Connect with us

Фудбал

Алер беше подложен на втора успешна операција

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер ​​сподели дека неговата втора операција на тумор на тестисите поминала добро.

“Направив уште еден чекор. Операцијата број 2 помина добро! Голема благодарност до медицинскиот тим за секојдневната помош”, напиша 28-годишниот фудбалер на својот Твитер профил.

Останува да видиме кога репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе може да се врати на терените.

Борусија Дортмунд го ангажираше Алер ​​летото од Ајакс, но неговата дијагноза беше откриена пред почетокот на сезоната.