Други спортови
Алфа Ромео го претстави новиот болид за следната сезона
Тимот на Алфа Ромео денес во Варшава го претстави новиот болид за следната сезона на најбрзиот циркус во светот.
Италијанскиот тим минатата сезона ја заврши на осмото место во поредокот на конструктори со осум бода, а во новата сезона возачката постава ќе биде иста, па трета година по ред ќе ги вози поранешниот шампион во Формула 1, Кими Раиконен од Финска и Антонио Џовинаци од Италија.
„Мислам дека најважната работа за тимот е да се стремиме кон подобрување. Ние сакаме да бидеме подобри од минатата сезона. Целиот тим е мотивиран од истата желба и мораме, чекор по чекор, да се вратиме на врвот на шампионат. Знаеме дека е долг пат, но работиме на тоа и напредуваме“, рече директорот на тимот Фрерик Васер.
Новата сезона ќе започне на 28 март, кога ќе се одржи Големата награда на Бахреин.
Can't wait to hear you rev up on the track… ??#C41 #AlfaRomeoRacing #ORLEN pic.twitter.com/PnLDvcgyRo
— Alfa Romeo Racing ORLEN (@alfaromeoracing) February 22, 2021