Connect with us

Фудбал

Алфонсо Дејвис е фудбалер на годината во Канада

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е прогласен за фудбалер на годината во Канада. Левиот бек, кој годинава постигна 5 голови и 8 асистенции за националниот тим, по трет пат во последните 4 сезони ја освои наградата.

21-годишниот фудбалер одигра вкупно 13 натпревари за „јаворовите лисја“ и е основата на добриот настап на тимот во битката за место на СП 2022 година.

На второто место беше напаѓачот на Лил Џонатан Дејвид. На списокот се најдоа и Кајл Ларин (Бешикташ), Тајон Бјукенан (Нова Англија) и Стивен Евстакио (Пасо де Фереира).