Connect with us

Фудбал

Алијанц Арена е целосно бела, нема фудбал! (ФОТО)

Натпреварот од 13 коло во германското фудбалско првенство меѓу актуелниот шампион Баерн Минхен и Унион Берлин, кој требаше да се игра денеска со почеток во 15:30 часот е одложен, поради обилни снежни врнежи во Баварија, објави Минхенската компанија за јавен превоз (МВГ).

„Почитувани патници, фудбалскиот натпревар меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин денеска од 15:30 часот е откажан“, соопшти МВГ.

Бундеслигата (ДФЛ) го потврди одложувањето на натпреварот, прецизирајќи дека сопственикот на „Алијанц Арена“, „го затворил пристапот до стадионот поради обилните врнежи од снег“.

ДФЛ сè уште не го соопшти новиот датум за одигрување на натпреварот.